Филипче: Сѐ уште има голем број на пациенти со тешка клиничка форма

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека има сосема доволен број кревети  низ болниците ширум државата и веќе од вчера не се чувствува тој притисок како што беше до вчерашниот односно завчерашниот ден.

-Веќе има слободни кревети на Интерните клиники, каде досега беше најголемиот притисок. Се уште има голем број хоспитализирани и за жал се уште има и голем број пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста за кои се преземаат сите мерки и на интензивно и друга форма на болничко лекување, посочи Филипче.

Слични содржини