Филипче: Се надевам дека и другите болници ќе го следат примерот на „Жан Митрев“

од Берта Китинска

Ја поздравувам одлуката на Клиниката Жан Митрев да ги намали цените за лекување на Ковид пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Драго ми е што мојата иницијатива за намалување на цените на овие услуги во приватните установи вродува со плод. Се надевам дека и другите ќе го следат овој пример, напиша Филипче на Фејсбук.

Од Клиничката болница „Жан Митрев“ соопштија дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19.

Досега пациентите плаќаа 12.000 евра, одсега за пациенти кои ќе се лекуваат на полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6.000 евра, за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8.000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4.000 евра, сега со намалување од 10 отсто ќе чини 3.600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот, посочуваат од болницата.

Слични содржини