Филипче: Се откажавме од операциите за промена на пол на државна сметка

од desk2

Ние сме демократи и по реакциите во јавноста за одлуката државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој денеска додаде дека ги почитувале реакциите на јавноста, па затоа само по 12 часа од кажаното дека операциите за промена на полот ќе паднат на товар на државата, се предомисли.

-Би сакал да потенцирам не стануваше збор за кој знае колкав број на пациенти . Станува збор за еден човек кој што со години талка низ лавиринтите, барајќи помош од повеќе специјалности, затоа што тоа е комплексен проблем, затоа што тоа не е работа која може се реши преку ден. Но ги почитуваме ставовите во јавноста реакциите, ние сме демократи ги прифаќаме сметаме дека е легитимно да ретерираме и тоа беше причината”.

Слични содржини