Филипче: Се уште е рано да се дозволи организирање на свадби и концерти

од Берта Китинска

Mинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека трендот на намалување на бројот на новозаразени е забележан изминатиов период и дека постепено ќе се попуштат мерките.

-Трендот  на намалување на бројот на заразени е забележан изминатиов период. Значајно се  испразнети болничките капацитети. Истото тренд го има и низ болниците ширум државата сето ова како знак за стивнување доведува до попуштање на рестриктивните мерки полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до 23: 30 часот се  отвораат фитнес центрите, ќе има дозвола да се одржуваат спортски натпревари и враќање на сите ивенти и настани и на отворено и затворено, изјави Филипче, кој додаде дека засега е рано да се укине носењето маски на отворено, откако ќе се вакцинира поголем број на граѓани маските ќе се носат согласност предходните препораките кога граѓаните ќе бидат во група.

Министерот изјави дека се уште е рано да се дозволи организирање на свадби и прослави како и одржување на концертите.Тој најави дека денска стигнуваат 10 илјади вакцини на Фајзер.

Слични содржини