Филипче: Седум пациенти се во критична состојба, вработен на Кардиологија позитивен на корона

од Берта Китинска

Вкупниот број на заразени до 12 часот  во земјава се 219 лица , објави на прес- конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

-Не треба да се има сомнеж дека не се соопштуваат точни информации за бројот на заболени, простор за манипулација нема ние  соработуваме со СЗО. На инфективната клиника има 40 пациенти,  7 во тешка состојба, 27 се средно тешки симптоми и 7 со поблаги симптоми, стабилна е состојбата и во Штип.На Кардиологија еден од вработените пројавил симптоми за време на работното време , од местото каде само доаѓаат амбулантски случаи таму се заштитени, вработените доколку се установи дека некој на работа се појавил со коронавирусот ќе следат санкции, изјави Филипче.

Слични содржини