Филипче: Семејството на Динева даде надеж и шанса за живот на три семејства

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

-Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, напиша на својот Фејсбук профил Филипче.

Слични содржини