Филипче: Сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30 април се пријавиле се вакцинирани

од Andreja Salpe

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот фејсбук профил напиша дека сите граѓани кои се над 40 годишна возрас, кои до 30.04.2021 се пријавиле за ввакцинирање се вакцинирани.

– Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., напиша Филипче

Слични содржини