Филипче: Сите пријавени до 15 јули ќе бидат вакцинирани

од Берта Китинска

Сите граѓани коишто се пријавиле за вакцина од понеделник ќе добијат термин за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели“, рече министерот Филипче.

Тој очекува сите пријавени до 15 јули да бидат вакцинирани.

Денеска треба да пристигнат 100 илјади дози вакцини од производителот „Фајзер“ а во недела 500 илјади кинески вакцини „Синовак“.

Слични содржини