Филипче: Сите земји треба да научат да живеат со постоечките мерки

од Берта Китинска

Засега нема нов регистриран случај на заболен со омикрон сојот во Македонија, кажа  министерот за здравство Венко Филипче.

-Следната недела ќе се направат нови тестови за анализа на новиот сој.Во овој момент нема знаци за влошување на епидемиолошката слика.Лично сметам дека не треба да се воведуваат мерки доколку се појават нови соеви кои нема да ја влошат ситуацијата. Сите земји треба да научат да живаат со веќе постоечките мерки.Не можеме за секој сој да воведуваме дополнителни мерки, вели Филипче.

Слични содржини