Филипче со детали за починатите: Починатото младо момче немало хронични заболувања, досега се извршени вкупно 3518 тестови

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција даде повеќе информации за двете починати лица во последните 24 часа.

„Едниот пациент е маж на 45 годишна возраст, кој од болницата „8 септември“ е префрлен на Инфективната клиника, каде му беше извршена неуспешна реанимација. Тој се поврзува со лице кое патувало во Франција. Другиот пациент, беше на 78-годишна возраст и беше примен уште на 27 март. Двајцата пациенти имаа долга историја на хронични болести“, изјави Филипче.

Тој соопшти дека на Инфективната клиника има вкупно 54 пациенти, 4 се во критична состојба, а 20 се со кислородна маска.

Филипче додаде и дека од почетокот на епидемијата се извршени 3518 тестови, а само 392 во последните 24 часа.

Во врска со починатото младо момче, Филипче изјави дека во неговата анамнеза не укажал дека има некакви хронични болест, односно дека во историјата на клиниката немал други заболувања.

„Заводот во Козле престанува со работа од денеска, а мобилната болницата ќе започне со работа до крајот на неделава“, заклучи Филипче.

Слични содржини