Филипче со нова прес-конференција од 20 и 30 часот

од Nikola Popovski

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, вечерва во 20:30 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.

Претходно, попладнево Филипче заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, на заедничка прес-конрефенција соопштија дека е потврден прв случај на коронавирусот во земјава, но порачаа дека нема причина за паника.

Инаку, првиот заболен пациент со Ковид 19 е 50-годишна жена која пред десетина дена се вратила од Италија.

Слични содржини