Филипче со помладите лекари во операциона сала: Откривањето на тајните на неврохирургијата го зголемува ентузијазмот за работата

од Берта Китинска

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил информираше дека денеска поминал повеќе часа во операциона сала на Клиниката за неврохирургија каде работел со млади колеги.

-Денеска со младите колеги, лекари, поминавме повеќе часови во операциона сала на Клиниката за неврохирургија. Пренесувањето на знаењето и вклучувањето на младите лекари во целокупниот процес, на лекување на пациенти, е клучно за нивната едукација. Откривањето на тајните на неврохирургијата е главен, мотивирачки фактор и го зголемува ентузијазмот за работа, извести Филипче.

Слични содржини