Филипче: Со процесот на вакцинација практично ќе започне последната фаза од оваа пандемија

од Vladimir Zorba

Со процесот на вакцинација практично ќе започне последната фаза од оваа пандемија. Се наѕира крајот на еден крајно тежок период во светската историја, пишува министерот за здравство на неговиот Фејсбук профил.

Заедно со мојот тим, денешниот ден го поминавме во координација за периодот кој претстои со процесот за вакцинација од ковид-19 вирусот. Го спремаме здравствениот систем и ја дефинираме целосната патека за ефикасен начин на вакцинација.

Сепак, епидемијата е сѐ уште во полн ек, а ризикот од зараза и натаму многу висок. Апелирам да се почитуват мерките за заштита“, посочи тој.

Слични содржини