Филипче со совети до мајките кои се позтивни на Ковид 19 и ги дојат своите бебиња (ФОТО)

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук упати совет до мајките кои суспектни или COVID-19 позитивни и кои ги дојат своите бебиња.

-Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи.Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори, напиша Филипче.

Слични содржини