Филипче: Со вакцината секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата

од Берта Китинска

Ако нешто нé научи оваа 2020 година, тоа е дека здравјето, семејството и најблиските се највисоките животни приоритети. Влегуваме во новата година посилни и помудри, со верба дека оваа 2021 година ќе биде многу подобра од претходната. Со вакцината која влева надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Поминавме исклучително тешка година. Секој од нас носи своја жртва и свое бреме. Семејствата кои загубија близок, оние кои ја добија битката со вирусот, здравствените работници кои не подклекнаа под притисокот и продолжија неуморно да се борат за секој човечки живот, граѓаните, компаниите. Оваа година, колку и да сакаме, не можеме да ја заборавиме. И не треба. Се соочивме со нешто што целосно ни ги измени животите и нé исправи пред предизвикот да научиме дека можеме да живееме поинаку, да сакаме поинаку, да се грижиме повеќе, да бидеме солидарни и сплотени повеќе oд кога било, во една единствена цел- победа на вирусот. Затоа, оваа година да ја прославиме поинаку. Да останеме дома и да ги оставиме големите прослави за некои други, посигурни времиња. Во новата 2021, посакувам здравје и спокој за сите, многу повеќе среќни моменти и успех на сите полиња. Чувајте се, имајте убави празници и празнувајте одговорно!, порача Филипче.

Слични содржини