Филипче: „Студентите вредни и мотивирани изработуваат анкетните листови за контактите на ковид позитивните пациети!

од Берта Китинска

Вредни и мотивирани! Тоа се нашите студенти од шестта година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети во Институтот за јавно здравје, пишува министерот за здравство Венко Филипче објавувајќи заедничка фотографија со  студентите од шестта година по општа медицина.

-Денеска низ разговор ги охрабрив да продолжат да бидат пример за сите идни генерации здравствени работници кои се грижат за пациентите. Околу 40 студенти се вклучени во овој проект во ИЈЗ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје во Скопје. Во наредните недели, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во Центрите за јавно здравје низ земјава, напиша Филипеч.

Слични содржини