Филипче: Цените на маските и средствата за дезинфекција поскапеа зашто имаат поголема увозна цена

од Берта Китинска

Маските и препаратите за дезинфекција неколкукратно се поскапени.По најавите дека ќе ги казнат аптеките и компаниите кои ќе ја зголемат цената на средствата за дезинфекција и на маските поради зголемената побарувачка по коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека добиле известување оти цените се поголеми дома поради зголемените увозни цени.

Фото: Борче Поповски

„Има зголемување на цените поради тоа што економските оператори, аптеките и компаниите имале и поголема увозна цена. Тоа е нешто што треба да се провери, така што го чекаме финалниот извештај. Дезинфекционите средства денеска ќе започнат да се дистрибуираат низ училиштата ширум државата“, рече Филипче.

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, пред две дена рече дека ќе има казни за сите кај кои ќе биде утврдено дека профитот им е поважен од здравјето на граѓаните.

-Ако мисли некој да профитира на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже. Ако утврдиме дека некаде има сериозни пропусти  ќе следуваат соодветни санкции , изјави техничкиот Премиер Оливер Спасовски.

Казните за ваква злоупотреба се движат од 1500 до 3000 евра.

Слични содржини