Филипче: Угостителите ќе го вратат старото работно време, доколку состојбата е стабилна како досега

Ако епидемиолошката состоја опстане како што е во моментов, угостителските објекти ќе можат повторно да работат до 21 часот, посочи на денешното гостување на МРТВ, министерот за здравство, Венко Филипче.

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, посочи Филипче.

Слични содржини