Филипче: Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата

од Nikola Popovski

„Христо е човекот кој наредните четири години ќе работи за доброто на секој битолчанец, за секој човек, овде во општината. Во Битола ќе продолжи да се гради, ќе продолжи напредокот, прогресот, и просперитетот. Како докажан бизнисмен, знам дека Христо ќе го преслика тоа работење и во водењето на општината“, вака потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче ја изрази поддршката за кандидатот за градоначалник Христо Кондовски и советничката листа предложена од СДСМ.

Според него, соработката на Владата и општините се одвива беспрекорно и тоа ќе продолжи и понатаму, продолжи Филипче и ја истакна круцијалноста на таа врска на централната со локалната власт во создавањето на стабилен економски систем.

„Со овие политики ѝ покажавме на Европа, а и на светот дека нема да се откажеме од намерата да ја креираме најдобрата верзија од земјава, да им покажеме дека сме земја – со сериозна понуда и квалитет. Зашто ние навистина тоа и сме. Работиме за младите да ја градат својата иднина во своите општини. Работиме за Европа дома, кај нас, во С.Македонија.

Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата, рамо до рамо со најразвиените земји“, заврши Филипче.

Слични содржини