Филипче: Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%

од Vladimir Zorba

Многу сум горд на тимот од Клиниката за детски болести, затоа што успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Имаме врвен стручен тим од лекари со кои треба сите да се гордееме, сподели министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Денеска се пуштени 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите.

Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои, посочи Филипче.

Слични содржини