Филипче: Утре во 14 часот пристигнуваат руските вакцини

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека утре на скопскиот аеродром во 14 часот ќе пристигнат првите дози од вакцината Спутник Б.

-Ги добивме сите потребни документи од руската компанија за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови. Многу веројатно е вакцинацијата да започне во среда, изјави Филипче.

За почеток вакцинацијата со Спутник  ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

Слични содржини