Филипче: Вакцината „Синовак“ е одобрена од СЗО, целосно е безбедна за користење

од Vladimir Zorba

Утре пристигнуваат 500.000 дози вакцини од производителот „Синовак“. Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење, сподели министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО:

✔ Инактивиран САРС-Ков2 вирус
✔ Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
✔ Високо ефикасна за превенција на тешка болест
✔ Се дава мускулно во рамо
✔ Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици
✔ Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, додаде Филипче.

Слични содржини