Филипче: Вакцинирани повеќе од 12.600 граѓани за еден ден

од Nikola Popovski

„Интересот за вакцинација и бројот на дневно вакцинирани расте! Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12.606 вакцини од кои 10.135 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 84.312 граѓани, а согласно последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој повторно упати апел до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат.

„Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет“, соопшти министерот.

Слични содржини