Филипче: Вечер пристигнуваат 2.000 вакцини од „Синофарм“, донација од ОАЕ

Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево на својот фејсбук профил информираше дека очекуваните 2.000 дози вакцини од „Синофарм“ се веќе пристигнати на аеродромот во Софија, а до вечер ќе пристигнат и кај нас.

„2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја. Оваа донација е од Обединетите Арапски Емирати. Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста“, се вели во фејсбук објавата на министерот Филипче.

Слични содржини