Филипче: Велес не е ново жариште, ситуацијата е под контрола

од Nikola Popovski

Велес не е ново жариште за ширење на коронавирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзани со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Го знаеме кластерот-групата, и во таа смисла не е некоја неконтролирана трансмисија и не е потенцијално жариште бидејќи имаме увид . Како што најавив денеска во ЦЈЗ присутни се како подршка и за дополнителна стручна консултација луѓе од ИЈЗ и ДСИ за подетално да се направи анализа на овие случаи. Разговарав и со директорот во болницата во Велес. Така што целокупната ситуација во Велес е под контрола, рече Филипче запрашан во врска со зголемувањето на бројот на нови случаи во овој град во последните неколку дена.

Во врска со аеродромите, Филипче рече дека е се уште рано да се отворат.

Слични содржини