Филипче: Вело Марковски изразува сомнеж во квалитетот на вакцините, а ВМРО-ДПМНЕ сака да ќари политички поени со цртањето црни срциња

од Nikola Popovski

„Некои членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено пристапуваат во јавноста и зборуваат нешто што иде во прилог на антивакцинална кампања. Тие изразуваат сомнеж во вакцините, во нивниот квалитет и општо во целиот овој процес“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Како пример, тој го наведе докторот Вело Марковски, кој во изминатиот период имал тези кои може да го загрозат јавното здравје.

„Еве денес опозицијата започнала кампања, налик на таа во Велиа Британија, само што таму цртаат црвени срциња на кејот на реката Темза, а овде црни срциња, со што сакаат да ќарат политички поени на сметка на починатите од пандемијата. Токму тоа ќе го зголеми ентузијазмот кај нас за секојдневна борба за унапредување на здравствениот систем“, посочува Филипче.

Слични содржини