Филипче: Вирусот се стишува, следува фаза во која ќе учиме да живееме со него

од Берта Китинска

Бројот на заболени значајно се намали, процентот на пациенти за кои точно знаеме кој е кластерот и по која линија се заразени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој дополни дека сите фактори се значајно подобрени од почетокот на епидемијата.

„ Но треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне во долг период и сликата ќе се смени дури кога ќе има вакцина и после до стекнување на колективен имунитет. Пред нас е период кога треба да живееме со вирусот“,рече Филипче .

Тој рече дека влошување може да се очекува со отворање на границите, патување надвор и враќање на наши државјани и влез на странци, како и почетокот на школската година, и во доцната есен со појавата на епидемии од сезонски грип.

Слични содржини