Филипче: Витаминот Д најмногу помага во лечењето од Ковид-19

од Nikola Popovski

На прашањето за големата смртност кај пациентите, министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на ТВ Сител изјави дека тоа е поради доцното јавување во болница.

„Самите се решаваат да се лекуваат и покрај нашите апели и барањата на матичните лекари да се јават во болница. Тоа го констатираме по тоа што навистина на приемот во болница, толку се лоши параметрите на сатурација со кислород, што и да се направи, за жал не може да им се помогне“, соопшти министерот.

За Филипче, нема лек кој што недостасува кај нас.

„Сепак, се повеќе имаме нови сознанија. Витамин Д најмногу помага, не само во превенција, туку и во третман на болеста. Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д“, изјави Филипче.

Слични содржини