Филипче: Влошување во состојбата на родилката од Куманово, пациентите од Охрид префрлени во болницата во Битола

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека во изминатите 24 часа имаме 5 починати пациенти, од кои 4 на Инфективната клиника.

„Вкупниот број на пациенти хоспитализирани на Инфективната клиника е 67, од кои 6 се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика. За жал имаме влошување во состојбата на родилката од Куманово“, соопшти министерот Филипче.

Министерот додаде дека во болницата „8-септември“ има 19 пациенти, од кои 3 се на респираторни машини, а 9 се со потешка клиничка слика.

„Вкупниот број новорзаразени изнесува 29 пациенти, додека вкупниот број од почетокот на пандемијата е 599. Во изминатите 24 часа направивме 386 тестови, односно вкупно 5879“.

Тој извести и дека сите пациенти од болницата во Охрид се префрлени во регионалниот центар во Битола и дека во болницата во Штип има 4 пациенти, од кои 3 се со лесна клиничка слика.

Слични содржини