Филипче: ВМРО-ДПМНЕ набавила инсулини од паралелен увоз без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификат

од Vladimir Zorba

„Со прес-конференцијата, ВМРО-ДПМНЕ само се разобличи самото себе. Граѓаните дознаа дека претходната влада набавила инсулини од паралелен увоз без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификат“, реагира министерот за здравство Венко Филипче на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние го уништивме истиот тој инсулин од стоковите резерви, набавен додека ДПМНЕ беше на власт. Неодговорно е и нечесно пред сѐ према самите себе, а потоа и за пациентите да манипулирате со такви информации. Да бевте одговорна политичка партија која вистински се грижи, веднаш ќе го стопиравте паралелниот увоз и ќе им овозможевте на пациентите да имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.

Сега, пациентите имаат инсулини кои се оригинални и квалитетни, а не се од паралелен увоз. Покрај тоа, воведовме три нови инсулини и го зголемивме буџетот за оваа група пациенти. Покажавме дека пациентите ни се на прво место!“, се додава во реакцијата на Филипче

Слични содржини