Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака само да се докопа на власт, правејќи големи штети на граѓаните

од Nikola Popovski

„Без разлика дали е тоа надворешна политика, крупни проекти како Клинички центар, борба со пандемија, економски мерки за спас на стопанството – СДСМ при креирањето на политиките го има во фокус државниот и граѓанскиот интерес“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за порталот „Нова“.

Тој го критикува ВМРО-ДПМНЕ за своите деструктивни политики коментирајќи дека партијата има единствена цел, а тоа е како да се докопа на власт дури и по сметка на правење големи штети на граѓаните.

„Кога СДСМ греши, партијата прифаќа, се менува, се унапредува и најважно од се, се бори и работи за стратешкиот интерес на граѓаните и државата. Кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои, таму постои само интерес за власт и личен односно тесно партиски интерес“, истакнува Филипче.

Слични содржини