Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со 5-6 луѓе блокира раскрсници, излезноста е фијаско на нивната политика

од Nikola Popovski

Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче вели дека не ги сфаќа постапките на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто блокираат? Тоа што прават е злоупотреба на политиката. Тие блокираат, а после тоа бараат причина зошто го прават тоа. Со 5-6 луѓе ги блокираат раскрсниците во градовите. Таа мала излезност е фијаско на нивната политика. Овие се без никаква посебна причина. Не постои друга опозиција во светот која организира протести за време на пандемија“, потенцира министерот во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Трет ден како продолжуваат протестите на најголемата опозициска партија. Со по неколку десетици демонстранти и паркирани автомобили, ВМРО-ДПМНЕ и денеска блокираше три раскрсници во Скопје и низ неколку други градови.

Под мотото Доста е, Излези за Македонија, од партијата информираат дека протестите се против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Слични содржини