Филипче: Во ноември може да дозволиме уште некои одделенија со физичко присуство

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва изјави дека со помош на Светска банка ќе набават најсовремени тестови за Ковид-19 кои даваат резултати за 15-на минути.

„Сега сме во фаза во која со помош на Светска банка ќе набавиме најсовремени тестови кои се ултра брзи и кои ќе бидат дистрибуирани во болниците, во критичните места во здравствените домови, како и кај матичните лекари според потребата и индикацијата. Станува збор за тестови кои се готови и даваат резултати за 15-на минути, наспроти сега најбрзите 45 до 50 минути или процес од неколку часа. Се повеќе напреднува технологијата во оваа сфера и тоа е нешто што значајно ќе ја смени сликата и достапноста до тестовите“, рече Филипче во дневникот на Сител.

Тој исто така најави дека од ноември е можно зголемување на број на класови со физичко присуство.

„Сега е рано, затоа што сметаме дека поголем број на деца затворени во една просторија е ризик“, изјави Филипче.

 

Слични содржини