Филипче: Во сите земји се носат слични мерки, размислуваме и за полициски час

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче во разговорот за телевизија Сител вели дека во моментов нема потреба за воведување на полициски час,  но дека не се исклучува.

„Единствена разлика на која ние размислуваме е полициски час. Сега не е време, но се размислува за тоа. Рестрикција на движењето во вечерните часови. Секако сме препорачале мерки да луѓето нема каде да одат навечер, па затоа во ова време нема потреба од тоа. Секако имаме предвид што се прави во другите земји. Ако видиме дека немаат ефект мерките, ќе одиме со целосно затворање на угостителските објекти по одреден час, порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде има културни настани, вели Филипче.

 

Слични содржини