Филипче: Возачот на камионот е префрлен во делот за изолација во болницата во Струмица

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче изјави дека возачот на камионот од Струмица сам се пријави на еден од телефоните, што беа објавени претходните денови.

„Тој немал никакви контакти со своето семејство и после неговото контактирање е префрлен во делот за изолација во болницата во Струмица. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме понатаму за него“, рече Филипче.

Филипче додаде дека строгите епидемиолошки критериуми се исполнети за двата карневали и затоа тие ќе бидат откажани.

„Се што е нормално фунционирање на училиште или кино има релативно мал број на луѓе, односно нема потреба од забрана за посета“, изјави тој.

Министерот смета дека не е коректно во ваква ситуација да се зголемува цената на медицинската опрема и нејзината злоупотреба.

„Не е коректно тоа да го прави ниту еден економски оператор, за ваква сериозна работа. Во таа смисла, после контролата ќе се постапи согласно законските можности, па може да се следат последици, за тие што го направиле тоа“, заклучи Филипче.

 

Слични содржини