Филипче за донацијата од Србија: Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче, преку својот Фејсбук упати благодарност до Република Србија за донацијата на вакцини против ковид.

 

-Во директен разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер. Заедно со мојот српски колега, Златибор Лочнар ќе ги договориме деталите околу постапката за испорака на вакцините. Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, изразувам благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин, пишува Филипче.

Слични содржини