Филипче за донацијата вакцини: Ставот на Австрија е дека никој не е безбеден, додека сите не се безбедни

од Nikola Popovski

„Голема чест е што имав можност да се сретнам со Н.Е. Каролине Едштадлер, Сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија“, објави министерот за здравство, Венко Филипче откако денес пристигнаа првите вакцини, кои се донација од ЕУ.

„Денеска од Австрија ја добивме првата количина на вакцини од Фајзер, вкупно 4860 преку Тимот на Европа, а до крајот на мај очекуваме вкупно 19890 дози. Процесот на имунизација е исклучително важен, а ставот на Австрија е дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“, стои понатаму во објавата на министерот на социјалите мрежи.

Филипче потенцира дека сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји.

„Важно е дека нема да има ограничување со типот на вакцините“, известува министерот.

Премиерот Заев, Еврокомесарот Вархељ и министерката Едштадлер денес присуствуваа во салата „Борис Трајковски“ каде имаа прес-конференција по повод пристигнувањето на првите дози од ЕУ на вакцината од Фајзер.

Слични содржини