Филипче за Коронавирусот: Нема простор за паника, имаме подготвен медицински персонал

од Viktor Jovanov

Нема простор за паника. И да има заболен од овој вирус можеме тоа да го изменаџираме. Упативме аптел да не се патува, освен во крајна потреба. Сите закажани ексукрзии ќе бидат откажани за средно, основно училиште и студентите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека медицинскиот персонал е подготвен, односно дека има соодветен број на ракавици, скафандери, 40 илјади маски, мантили и дезинфекциска опрема и заштитен материјал на граничните премини.

Министерот вели дека не е јасна и чиста препораката да се носи маска, бидејќи маска треба да носи оболениот за да не го шири вирусот, а не здравите луѓе бидејќи за нив маската може да значи само зголемен ризик за друга инфекција.

Слични содржини