Филипче: За три недели очекуваме пад во бројките на новозаразени

од Nikola Popovski

При примањето на донацијата во респираттори од НАТО, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека симбол на оваа здравствена криза е солидарноста.

Според Филипче, сите земји покажаа сите земји што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаења.

– Станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент, објасни Филипче.

Според министерот, системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари.

– Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари. Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува, истакна Филипче и очекува дека новите мерки да го намалат бројот на новозаразени од Ковид-19 и со тоа да спласне притисокот врз болниците.

„Целта на овие мерки е доколку доследно се почитуваат да дадат резултат. Резултатите од воведените мерки не само кај нас туку и во другите земји доаѓаат. За три недели очекуваме пад на бројката“, соопшти Филипче. 

Тој наведе дека оддделите во болницата „8 ми Септември“ се подготвени и кадарот е подготвен и е прашање на денови дали од денеска, викендов, или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат, потенцирајќи дека сега актуелна болничка установа во којашто се примаат пациентите во Скопје е болницата во Козле.

Слични содржини