Филипче за училиштата: Следната недела ќе се донесе одлука, учениците ќе бидат во мали групи, пократки часови, сите со маски

од Aleksandar Petrovski

Имаме два предизвици во периодот кој претстои, отворањето на училиштата и градинките и вториот момент кога времето нема да биде вака убаво, па луѓето ќе бидат во затворени простории, каде вирусот полесно може да се пренесе, рече министерот за здравство Венко Филипче во „Само вистина“.

– Одржавме неколку состаноци и со претставници од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјална политика, со членовите на Комисијата за заразни болести. Различни се предизвиците во училиште, а други во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи кои ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен протсор. Доколку може и наставниците да бидат ограничени во контактите со групи деца кои ги учат. Ако е групата деца помала, а тој наставник заболи, сите од групата се во ризик. Мали групи, честа дезинфекција, сите со маски…, вели Филипче.

– Гледаме и учиме од примерите од некои земји кои почнаа со настава. Го разгледавме примерот од Израел…- додава Филипче.

Негова препорака е секој кој може да организира работа од дома тоа и да го направи. Посочи примери од цели компании кои на вработените им рекоа да останат дома и да работат од дома.

Слични содржини