Филипче за Угриновски: Благодарам професоре за животните искуства

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче се огласи после смртта на неврохирургот Јовица Угриновски. Тој му се заблагодари за пренесените искуства.

-Ти благодарам професоре што ми ги пренесуваше неврохируршките и животните искуства. Нека ти е вечна слава!, порача Филипче на социјалните мрежи.

Познатиот доктор почина денеска на 77-годишна возраст после долго боледување.

Угриновски е роден 1945 година во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година, по што завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг-систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.

Беше основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“, како и претседател на Федерацијата на планиниски спортови на Македонија.

Слични содржини