Филипче: За време на Велигден и Бајрам, граѓаните ќе може слободно да се движат

од Берта Китинска

Новиот полициски час од 21 часот ќе важи од среда, но за време на двата празника Велигден и Бајрам, граѓаните ќе може слободно да се движат, а потоа следниот ден повторно се враќа на сила ограничувањето на движењето, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека оваа предлог мерка ќе биде доставена до Владата на разгледување.

-За време на двата празника Велигден на 1 кон 2 мај, и за Бајрам на 12 кон 13 мај, граѓаните ќе може да се движат. Тие деноноќја ќе нема полициски час, граѓаните ќе може слободно да се движат, кажа Филипче.

Слични содржини