Филипче: Заев донираше 12.500 евра од Хесенската мировна награда во фондот за справување со Ковид 19

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на својот фејсбук профил посочи дека е благодарен за донацијата од премиерот Заев во фондот за справување со Ковид кризата, вредна 12.500 евра.
Имено, истата прозилегува од наградата која премиерот Заев ја доби со грчкиот премиер Алексис Ципрас во рамки на Хесенската мировна награда.
„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција.
Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19.
Огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.
Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно“,  се вели во фејсбук објавата на министерот Филипче.

Слични содржини