Филипче: Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово

од Берта Китинска

Заврши гасификацијата на ОБ Куманово, оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа. Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Последните 4 години интензивно инвестиравме во кадар и во опрема, обидувајќи се со децении уништуваниот здравствен систем да го направиме подостапен и пофункционален како за пациентите, така и за здравствените работници.Во тек се проекти за енергетска ефикасност на 28 објекти од здравствениот сектор. Во проектот се опфатени Клиниката за физикална медицина, во Козле, ЗД во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Св. Николе, Штип, Поликлиника Идадија во Скопје, УК за Психијатрија, како и повеќе здравствени институции, станици во селата Карбинци, Пештани, Белчишта, Бучин, Герман, Ранковце, Зрновци, Блатец и Извор, соопшти Филипче.

Слични содржини