Филипче: Зголемениот број на позитивни лица можно е да допринесе воведување рестриктивни мерки

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на Алсат телевизија, напомена дека изминатиов период имаме благо зголемување на бројот на позитивни лица и дека целата ситуација ќе се следи за да се види дали има потреба од воведување на мерки.

-Има сериозен број на граѓани кои носат маски меѓутoa има и лица кои воопшто не ги почитуваат мерките воедно можеби и не веруваат дека вирусот постои, видовме многу прекрувшања на собири веселби од каде почнуваа сите кластери  почекот на новиот бран беа и ифтарските вечери, литиите во Струга, сега имам помали случаи бидејќи е лето и повеќето работи се одржуваат на отворено. Изминатите денови  имаме благо зголемување на бројот на  позитивните лица и ќе вдиме дали ова ќе биде аларм за нас за да препорачаме некоја рестрикција но тие анализи ќе ги направиме викендов.Сега повеќе ќе има ризик фактори и повеќето од времето луѓето го поминуваат во канцеларија, изјави Филипче.

Слични содржини