Филипче: Зголемувањето на платите во јавното здравство ќе започне од понеделник

од Берта Китинска

Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници, информираше денска министерот за здравство Венко Филипче.

-Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, кој што вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство, рече Филипче.

Слични содржини