Филипче: Жените сакам да знаат дека има каде да се обратат и да добијат стручна помош

Ковид-19 кризата ги погоди сите здравствени системи. Изолацијата за време на долгите карантини резултираа со зголемен број на семејни насилства. Секојдневно регистрираме вакви случаи во онлајн амбулантата на Клиниката за психијатрија, со што постојано го зголемуваме тимот во установата, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

„Заеднички во еден инклузивен процес со институциите и граѓанските организации, посочува министерот, отворивме три центри за жртви од сексуално насилство согласно Истанбулската конвенција во Скопје, Тетово и Куманово.

Жените сакам да знаат дека има каде да се обратат и да добијат стручна помош. Тие никогаш не се сами, преку институциите тие ја имаат нашата најголема поддршка. На денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените ја испраќаме пораката дека мора неуморно да работиме да ја подигнеме свесноста вакви случаи да има се помалку“, се вели во објавата на министерот Филипче.

Слични содржини