Филипче: Зошто лекарот може да има кафеана по работното време, а не може да биде лекар во друга установа?

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека одобрени се близу 500 специјализации, стотина супспецијализации исто така ќе се пуштат и тоа е процес на едукација, а со пензионирањето секогаш се губи експерт кој со години работел во полето и затоа работиме на измена на Законот за здравствена заштита што ќе овозможи флексибилност.

-Зошто докторот да може после крајот на работното време да има кафеана или да гради згради, а да не може да биде доктор? Пензионираните лекари ќе може да работат како консултанти, тие не може да имаат факсимил, но може да бидат со договор ангажирани во болницата, а на активно вработените со оваа нова измена на Законот ќе им се овозможи после завршувањето на работното време да може и да работат и да дежураат во другите јавно здравствени установи, наведе Филипче.

Тој додаде дека ќе се отвори јавна дебата и дека ова е новина во нашиот систем некаква комбинација од САД и Велика Британија во однос на тоа како се ангажирани лекарите.

Слични содржини