Филипини: Полицијата уби градоначалник

од Берта Китинска

Полицијата го уби градоначалник и неговите двајца асистенти во град во централниот дел на Филипините, а во судирот загинаа и двајца полицајци.

Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на оригиналните полициски извештаи, тој може само да претпостави дека станува збор за грешка.

Полициските службеници биле на рутинска патрола кога вчера попладне кон нив било пукано од припадници на обезбедувањето на градоначалникот на Катбаоган, Роналд Акин, кој би превезуван со комбе во источната провинција Самар, изјави полицискиот командант.

Полицијата возврати на оган и ги уби Акин и двајца негови помошници, додека обезбедувањето на градоначалникот уби двајца полицајци кои возеа зад неговото комбе, рече тој.

– Тие се сомневаа и отворија оган кон нашите полицајци кои возвратија – рече командирот и потенцираше дека е отворена истрага за овој случај, пренесува Бета.

Пријател на убиениот градоначалник рече дека тој отишол да го прослави роденденот на своето дете и дека е можно тој да бил цел на нападот, но полицискиот командант вели дека полицијата не го следела градоначалникот и дека биле само на рутинска контрола.

Неколкумина градоначалници и провинциски службеници поврзани со нелегална трговија со дрога биле нападнати и убиени на Филипините неодамна за време на владеењето на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој се бори против ова зло, но официјални лица велат дека убиениот градоначалник не бил поврзан со дрога. Синоќешното насилство е последното во кое е вмешана полицијата.

Според планот на претседателот, тој има широки овластувања во борбата против дрогата и криминалот, а нивната суровост ги загрижува западните земји и активистите за човекови права.

 

Слични содржини