Филипинскиот претседател: Полицијата и војската ќе пукаат во секој што „предизвикува проблеми“ во справувањето со коронавирусот

од Nikola Popovski

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека ќе и нареди на полицијата и војската да пукаат во секој што „предизвикува проблеми“ во периодот на едномесечниот карантин во земјата поради коронавирусот.

– Ова е предупредвање за сите – слушајте ја Владата, бидејќи е клучно да имаме ред и не ги навредувајте здравствените работници, лекарите … затоа што тоа е сериозно злосторство. Им наредувам на полицијата и војската, ако некој прави проблем, а вашите животи се загрозени, пукајте, рече Дутерте во обраќањето до нацијата.

Дутерте издаде предупредување до сите жители на сиромашните квартови во Квизон Сити, округот Манила, кои протестираа покрај автопатот, бидејќи не добиле пакети со храна откако започна карантинот пред две недели.

На Филипините досега од коронавирусот починаа 96 луѓе, а 2.311 се заразени.

Слични содржини